Скопска средношколка починала на час по историја


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Средношколка од  ГУЦ Здравко Цветковски во Скопје вчера за време на наставата се онесвестила и починала. Трагедијата се случила за време на часот по историја во 18 часот и 30 минути.

Се работи за 18годишната А.А.од Скопје на која во еден момент и се слошило, по што паднала од столчето. По неуспешниот обид од професорите да ја освестат била повикана  Итна медицинска помош. Тие се обиделе да ја реанимираат, но не успеале.

Истата била пренесена во Ургентен центар каде од страна на лекар била констатирана смрт.