Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Скопска Апелација ја потврди ослободителната пресуда за велешанката Павлинка (Пале) Илкоска, која ја донесе Основниот суд во Велес.
Илкоска, која била жртва на семејно насилство од партнерот со кого живеела во вонбрачна заедница, се гонеше за убиство во миг кое се случило кога таа во самоодбрана му нанела рана со нож на партнерот во септември 2021 година.
Велешкиот суд донесе ослободителна пресуда, по што Основното јавно обвинителство Велес се жалеше до Апелација барајќи пресудата да се укине и предметот да се врати на повторно судење поради погрешно утврдена фактичка состојба.
Ослободена од обвинение велешанката Павлина која во самоодбрана го уби својот партнер
Меѓутоа, со ваквата жалба на основното обвинителство, не се согласи Вишото, кое до Апелација испрати мислење дека исправна е одлуката за ослободителна пресуда за Илкоска.