Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Скопска Апелација денес одлучува дали бившиот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, и натаму во Шутка ќе ја чека правосилната одлука за случајот „Титаник 2“ или ќе му се одредат други мерки на претпазливост.
Одбраната поднесе жалба кога на првостепената одлука Кривичниот суд за затворска казна од три години наедно да добие и решение за притвор, а денеска Апелација на јавна седница ќе разгледува дали истото може да му биде укинато, односно дали условите се исполнети за тоа.
Покрај Мијалков, казна затвор од 3 години и два месеца доби и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, а поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, беше осуден на казна затвор од 4 години и 6 месеци. Ибраими исто така доби решение за притвор.
Поранешните членови на ДИК, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска, добија казни од 3 години за незаконското поништување на гласањето на локалните избори во Струмица во 2013 година поради политичко влијание.