Скопје вчера беше најзагаден град во светот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На вчерашната листа со најзагадени градови во светот Скопје беше на неславното прво место со индекс на квалитет на воздухот од 183 а според параметрите од овој индекс сите вредности над 100 се сметаат за екстремно високи.

Оваа мапа на загаденост во светот покажува дека Балканот и натаму останува како регион со голема загаденост бидејќи по Скопје на листата на десет најзагадени на второ место е Сараево, трето место е Софија а во врвот се и Приштина и Белград.

Единствен сојузник на граѓаните во битката за чист воздух и натаму останува ветерот. Дел од невладините организации  кои се обединија и организираа протести за почист воздух сметаат дека една од клучните работи кои претстојат е донесувањето на законот за управување со отпад кој е во фаза на носење но кој засега не предвидува забрана за увоз на отпад кој би се користел како алтернативен енергенс за горење.

За следната недела во вторник поднесена е иницијатива од пратениците на ВМРО ДПМЕН  во собранието да се дебатира за информацијата за енормното загадувањето. Претходно и на седницата на советот за безбедност кај претседателот Пендаровски  се дебатираше за оваа тема,но и од таму не произлегоа конкретни мерки.

Според испитувањата загадениот воздух е причина за смртност на околу 3 000 лица годишно во државава и е петти главен ризик-фактор за смртност во светот.