Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На првата седница од македонско-бугарската Меѓувладина комизија за економска и трговска соработка главна тема беа економските односи, транспортот и енергетската поврзаност на двете земји.
Акцентот на седницата ќе биде ставен на изградбата на железничка линија меѓу Софија и Скопје, како и намалувањето на роамингот.
Бураскиот министер за транспорт, Росен Жељазков, пред почетокот на седницата изјави дека помеѓу 2025 и 2027 година е рокот за завршување на железничката линија Софија-Скопје.
Целта е железничката линија од Скопје до бугарската граница да се заврши до 2027 година. Кога Скопје и Софија ќе бидат поврзани, оваа железничка линија ќе биде дел од Коридорот 8, кој треба да ги поврзе Бугарија, Македонија и Албанија.