Home Актуелно Скопје нема да ја менува гасоводната траса – најавена дебата со еко-активистите

Скопје нема да ја менува гасоводната траса – најавена дебата со еко-активистите

Од град Скопје најавија дека засега не е во игра опцијата за алтернативна траса на гасоводот кој е предвиден да поминува на сртот од Водно.

По запирањето на градежните работи на гасоводната делница, од Град Скопје велат дека процесот на преговори со екоактивистите ќе продолжи, но градот не е институцијата која го дефинира патот по кој ќе поминува гасоводот. Според градоначалникот Шилегов, градежната дозвола за овој проект е издадена во 2016 година, а управата на главниот град е должна да го спороведе.

За утрешната трибина во Град Скопје, што ќе биде пренесувана во живо и каде аргументите треба да ги соочат владините претставници и екоактивистите, Шилегов вели дека дебатата е одговор на барањето на невладините организации за јавна дебата.

Присуството на трибината во просториите на Град Скопје, нема да биде замена за дебатата која ја бараме и која инсистираме да биде одржана на една од националните телевизии, велат екоактивистите. Бараат градоначалникот да земе активно учество во дебатата.

Со оглед дека Град Скопје издал Решение за сеча за изградба на гасоводот, ние не можеме да го прифатиме градоначалникот Шилегов за модератор на дебатата, бидејќи со таков акт веќе одбрал страна, па во своите делувања веќе не е непристрасен и неутрален, потенцираат од граѓанската иницијатива Го Сакам Водно.

Еко активистите се децидни дека остануваме на трасата, во одбрана на Водно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…