Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Главниот град и денеска под блокада на приватните превозници во јавниот превоз. И по 48 часовната блокада изминатите два дена нема никаква реакција од Градот Скопје.
Превозниците велат остануваат на улица се додека не добијат некаква понуда за договор.
За денеска пак Град Скопје најави дека ќе биде објави јавен повик за избор на приватни превозници за линиите 20 и 22. За другите линии се на став дека нема потреба од приватни автобуси бидејќи нив ги презема ЈСП „Скопје“ и со тоа граѓаните добиваат ,,поодобра, поевтина, сигурна и стандардизирана услуга”. Според информациите од кабинетот на Арсовска на јавниот повик ќе може да се пријават сите заинтересирани, а превозниците Слобода превоз и Макекспрес нема да може да се пријавуваат на огласот една година од раскинувањето на договорот со нив.
Приватните превозници веќе трет ден со автобуси блокираат три клучни крстосници во Скопје, крстосницата кај Мавровка, кај Црвен крст и Илинденска на потегот од финтана до спортскиот центар Борис Трајковски со што го парализираат целиот сообраќај во центарот на главниот град.
Вчера се огласи и минстерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, кој рече дека „Скопјани трпат преголема штета поради блокадите на приватните превозници. Протестот, треба да биде насочен кон други, а не граѓаните да ги плаќаат последиците“. Самиот тој едвај излегол од Скопје вчера поради блокадите кои најдиректно ги нарече самоволие. Пенов претходно за протестот на автобусџиите најави и можни мерки, на што тие вратија дека може да се обиде да ги отстрани и со тенкови, но пак ќе останат на улиците.