Актуелно

Скопје – Будимпешта, нова линија на Wizz Air

Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авио компанија во централна и источна Европа и лидерска авиокомпанија во Македонија, во четвртокот ја објави новата рута од Скопје до главниот град на Унгарија, Будимпешта.

Најновата услуга на WIZZ ќе започне на 2-ри април и ќе се спроведува два пати неделно, во среда и недела. Седиштата се веќе на продажба и можат да се резервираат по цени од 1.199 денари на wizzair.com

Будимпешта е популарна дестинација како од бизнис аспект, така и за туристите кои патуваат за задоволство. Покрај неговата погодна локација, во срцето на Европа, познат е по своето богато културно наследство, одлична кујна и богат ноќен живот. Со новата рута, WIZZ исто така нуди 58 други дестинации од својата база во Будимпешта, отварајќи им можности на македонските патници да патуваат низ цела Европа по најниските цени на Wizz Air.

Како најголема авиокомоанија во Македонија, чест ни е да објавиме уште една одлична дестинација од Скопје. Будимпешта е сега достапна по нашите ниски цени овозможувајќи на нашите македонски патници да откријат уште една од европските метрополи со брз развој. Одличната локација на Будимпешта и нашата широко мрежна рута, обезбедува различни можности за посета и на други WIZZ дестинации од Македонија. Седишта на нашата најнова рута од Скопје се достапни од само 1.199 денари на wizzair.com. Нашиот пријателски расположен локален екипаж ве очекува да ви посака добредојде на летот на нашиот нов Airbus авион, изјави Габор Васархељи, менаџер на комуникации во Wizz Air.

Првиот лет на WIZZ од Скопје, полета во јуни 2011-та година и од тогаш авиокомпанијата постојано ја проширува македонската мрежа. Во октомври 2012-та година, Wizz Air ја утврди базата на работење во Скопје и сега брои три авиони и повеќе од 80 вработени во главниот град на Македонија. Минатиот јуни, авиокомпанијата започна со летови и од вториот македонски аеродром, во Охрид.

До декемрви 2016-та, Wizz Air пренесе околу еден милион патници со неговите ниско-буџетни македонски рути, поддржувајќи повеќе од 700 локални работни места во различни индустрии. WIZZ сега нуди 26 рути до 11 држави од Македонија.

Advertisements
To Top