Скопјанка им подлегна на повредите откако беше прегазена во с. Петровец

трагедија

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


72-годишната Р.К. од скопското село Петровец им подлегна на повредите со кои се здоби откако беше удрена од товарно возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(42) од село Катланово, скопско.

Од ударот, пешакот Р.К. (72) од село Петровец се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесенa во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Околу 12.30 часот таа им подлегнала на повредите.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.