Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради посетата на првиот човек на римокатоличката црква на Скопје, папата Франциск, улиците на главниот град од рано изутрина беа затворени за сообраќај, поради што беа буквално празни, без движење на автомобили. Оваа ситуација наиде на одоброволувачко искуство и задоволство кај голем дел скопјани, кои тоа го изразија на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од празните скопски улици.
Велам милина драги гледачи! #наточак pic.twitter.com/aH68UoKhUM
— Холи (@UnaFeataMushata) May 7, 2019
Со слики од чисти тротоари, проодни велосипедски патеки, минимален сообраќај и намалена гужва и бучава низ главниот град, граѓаните коментираат дека центарот на Скопје може да биде многу поинаков со добра организација меѓу различните државни и градски служби.
ДА ЖИВЕЕ ПАПАТА!!!#НаТочак pic.twitter.com/Rf8jMhN5Zb
— gaša gaston (@GTturbo16v) May 7, 2019
Во продолжение ви пренесуваме дел од твитовите кои ги споделуваа македонските корисници на Твитер претпладнево.
Драги @CityofSkopje.
Од утре, во перманентна посета на Скопје, ќе бидат жителите на Скопје.
Ве молиме да продолжите да го чистите и средувате градот исто како и за посетата на Папата.— mindрluмbеr (@mindplumber) May 7, 2019
Чисто за инфо. и чисто за воздух!!!
– Битпазар кај детелинката
– Симпо
– Зоолошка
затворено!!!
Се изнавозев #НаТочак убавини ?Благодариме папа!!
— Овесна Пахуљица (@Taze_Ajvar) May 7, 2019
се осеќам како да се шетам низ улици во 1989 pic.twitter.com/cNu9LdFJOh
— Муарко (@Muarko) May 7, 2019
Со посетата на папата, сфативме какво може да биде Скопје доколку функционира полицијата, комуналните служби, паркови и зеленило. Незнам дали ова повеќе ме радува или растажува.
— Alpharius (@TheLastPrimarch) May 7, 2019
Многу ми се допаѓа Скопје ваков. Имаме пешачка зона, луѓето што им се работи уредно си идат на работа, нема карање низ гужви.
Јас викам автомати да ставиме низ администрација ем побрзо ќе бркаме работа и да ја оставиме пешачката зона и добри сме.— Крстаки (@itsKrste) May 7, 2019
Хвала ти Папа што ме натера да го видам Скопје на точак од другата страна и што поминав низ улички у Гази Баба што не ни знаев дека постојат 30 години.
— Динго (@DingoOdKratovo) May 7, 2019