Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жителите на главниот град Скопје денеска нема да можат да ги користат услугите на јавниот градски превоз откако синдикатите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) вчера најавија дека од 4:30 часот наутро автобусите нема да возат.
роблемот со неисплатените плати на вработените во ЈСП вчера беше тема и на вонредната седница на Советот на Град Скопје каде доцна попладнето беше изгласа иницијатива со која се побара од градоначалничката на Град Скопје до петок до 12 часот да достави одлука за прераспределба на средства за да се исплатат платите.
Од синдикатите вчера изјавија дека градоначалничката Данела Арсовска ќе мора ваквата одлука да ја донесе уште денес, затоа што, според нив, петок е многу доцна. Следната седница на Советот е закажана за петок во 14 часот, но постојат можности и денеска да биде свикана вонредна седница на градскиот Совет доколку биде доставена одлуката.
Синдикатите вчера ја напуштија седницата на Советот револтирани дека нема договор за нивните барања.
„Репрезентативните синдикати на ЈСП беа присутни на вонредната седница на Советот на Град Скопје и очекувавме брз и експресен одговор по иницијативите што ги дават политичките партии дека одредени средства ќе се префрлат на сметката на ЈСП и ќе се исполнат обврските кон вработените. Бевме наивни мислејќи дека тоа ќе се случи. Сагата продолжи до нешто пред 17 часот кога баравме збор од спикерот и не го добивме по што седницата на Советот се прекина за да може да одговориме што ќе преземат синдикатите во текот на утрешниот ден“, изјави вчера претседателот на синдикалната организација на ЈСП Миќо Стојановски.
Советниците во Град Скопје вчера меѓусебно се обвинуваа кој е виновен за состојбата во која е доведено ова јавно претпријатие. Од ВМРО-ДПМНЕ побараа одговорност од Арсовска, а од СДСМ обвинија дека за првпат скопјани ќе останат без градски превоз и дека за тоа е виновна локалната власт.
Вчера со неколку автобуси раководството на ЈСП ја блокираше и улицата пред Владата поради неисплата на долг од два милиони евра, а вработените протестираа во кругот на претпријатието поради неисплатата на заостаната плата.