Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поради закани по живот како „Ќе те чекам на нишан, ќе те решам“, упатени преку Фејсбук кон премиерот Зоран Заев, полициските служби го лишија од слобода 49-годишниот М.С. од скопско Драчево.
Полицијата го приведе и секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против него за сторенo кривичнo делo „загрозување на сигурноста“, соопштуваат од МВР.
Премиерот вчера ги пријавил заканите по живот и Секторот за компјутерски криминал, по добиена судска наредба, извршил претрес во домот на осомничениот при што се откриени и одземени предмети во врска со кривичното дело.
За случајот е извесетен и дежурен јавен обвинител.