Скопјанец со десет мигранти во автомобилот бегал од полицијата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Регионалниот центар за Гранични работи „Југ“ поднесе кривична пријава против Д.Д.(27) од Скопје по основ сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

Вчера во 05.00 часот во близина на болница „Негорци“ полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „Ауди А8”, но возилото не застанало. Набргу потоа возилото било сопрено, а возачот бил приведен.

При преглед, во возилото биле пронајдени 10 лица-мигранти, државјани на Пакистан.