Скопјанец со автомобилот удрил малолетничка од Гевгелија – девојчето завршило со тешки повреди


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонското МВР информира дека синоќа на булевар во Скопје е прегазена малолетничка од Гевгелија која по ударот со тешки телесни повреди е пренесена во болница.

„Синоќа во 21.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар `Мајка Тереза` во Скопје, патничко моторно возило `ауди` со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(49) од Скопје удрило во малолетничка од Гевгелија. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники `Мајка Тереза`“ – стои во полицискиот билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.