Скопјанец со автомобил удрил 4-годишно дете


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Скопјанец со својот автомобил марка „Голф“ вчера удрил 4-годишно дете од Словенија на ул. „Филип Втори Македонски“.

Во текот на вчерашниот ден, во 15.30 часот на улица „Филип Втори Македонски“ во Скопје, патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(42) од Скопје, удрило во четиригодишно дете-пешак од Р.Словенија.

Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје