Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Полицијата поднесе кривична пријава против 34-годишен скопјанец за обљуба врз немоќно лице, а од страна на судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Триесет и четиригодишен скопјанец силувал девојка со пречки со развојот. Против него е поднесена кривична пријава, а судија му одреди притвор од 30 дена.
Според информациите на МВР, на 22 февруари во утринските часови, додека Ф.Д. (25) седела на клупа во парк, ѝ пришол И.Ј. (34) од Скопје и насилно ја одвел во неговиот стан и ја силувал.
Следниот ден, во утринските часови, И.Ј. најпрвин ѝ се заканил на девојката да не кажува на никој што се случило, а потоа ја пуштил да си оди дома.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ј. поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело обљуба врз немоќно лице, а од страна на судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.