Скопјанец полово си го нападнал сопствениот син


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во полициската станица Дебар, во текот на вчерашниот ден, жена пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг од Скопје полово го нападнал нивниот син.

Вчера во 15.15 часот во Полициската станица Дебар, 50-годишна жена пријавила дека во периодот од 14.07. до 04.08.2019 во куќа во Дебар нејзиниот поранешен сопруг С.Ј. од Скопје, извршил полов напад над нивниот син.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението од МВР.