Скопјанец од Шуто Оризари обвинет за убиство и обид за убиство


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Против скопјанец од скопската населба Шуто Оризари поднесена е кривична пријава од страна на Скопското основно јавно обвинителство со обвинение за убиство и обид за убиство.

Тој на 14 јуни по вербална расправија и физичка пресметка со негов близок роднина, со нож отишол во домот на роднината. Кога роднината го видел и тој зел нож за да се брани по што настанала тепачка. Со намера да ги раздвои меѓу двајцата застанала сопругата по што обвинетиот замавнувајќи со ножот и ја убил нанесувајќи и убодна рана во градниот кош и срцето. Потоа обвинетиот со умисла се обидел да го лиши од живот и роднината нанесувајќи му две површински рани во пределот на градниот кош и една убодна рана во стомакот по што го фрлил ножот во дворот на куќата и заминал.

За скопјанецот е побарано продолжување на мерката притвор со образложение дека постои опасност од бегство и можност да го повтори или доврши кривичното дело.