Сколс: Преку глава ми е од плачењето на Мурињо!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс уште еднаш „распали“ со критики кон менаџерот Жозе Мурињо.

Сколс пред неколку дена изјави дека Мурињо го срами Јунајтед, а сега повторно го исктитикува, но ги изненади сите со тврдењето дека треба да остане на „Олд Трафорд“.

„Да, сакам тој да остане. Само преку глава ми од неговото жалење дека не го добил она што го посакувал. Мислам дека треба да се фокусира на тоа што го има. Мислам дека има добар квалитетот во тимот кој во моментов има ниска самодоверба“.

„Жозе низ годините беше брилијантен тренер, неговите резултати покажуваат дека е еден од најдобрите. Засега би сакал да остане. Мислам дека ова е веројатно најголемиот предизвик во неговата кариера и ќе ни покаже колку е добар тренер“, изјави Сколс.