Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Цените на гасот во Европа забележаа пораст од 20 отсто откако потегот на Москва да го затвори големиот гасовод Северен тек 1 ги засили стравовите од продолжен прекин на испораките.
Референтните точки пораснаа на 300 евра по мегават час, што исто така ги крена цените на струјата и јагленот до нови рекорди, пишува Блумберг.
Клучниот гасовод Северен тек на 31 август ќе биде сопрен на три дена за одржување, што повторно предизвикува загриженост дека таа врска нема да се врати во функција како што е планирано по завршувањето на поправките.
Европа со недели е во состојба на неизвесност поради испораките преку тој гасовод, а протокот се одржува на само многу ниско ниво откако минатиот месец беше затворен за поправки.
Холандскиот првомесечен договор, европскиот стандард, се качи на 294,12 евра по мегават час вчера во Амстердам.
Порасна петта недела по ред во петокот, што е најдолг период оваа година. Еквивалентот во Британија порасна во понеделникот за 23 отсто.