Скок на биткоинот од околу 12.000 на 15.000 долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вредноста на највредната и најпопуларна криптовалута во светот во петокот се намали за речиси 30 отсто, односно на нешто помалку од 12.000 долари.

Меѓутоа, сега вредноста на биткоинот се искачи на околу 15.000 долари на берзата „Битстамп“, со седиште во Луксембург. На лондонската берза биткоинот исто така забележа раст од 10 проценти и достигна повеќе од 15.000 долари.
Вредноста на дигиталната валута се зголеми за 20 пати од почетокот на годината, од помалку од 1.000 долари на дури 19.666 долари на 17 декември на „Битстамп“, односно на повеќе од 20.000 американски долари на други берзи. Сепак, оттогаш се бележи голем пад на вредноста.

Иако инвеститорите и аналитичарите веруваат дека падот на вредноста на биткоинот е нормален по наглото зголемување, банките и пазарните регулатори предупредуваат за понатамошните ризици од тргувањето со оваа валута.

„Не постои точна моментална цена која би ја одразила точната моменталната вредност“, смета Андреј Попеску, ко-основач на платформата за дигитална економија COSS. „Добивањето на профитот е исправно, а исправно е и долгорочното вложување. На овој пазар не е важно да бидете во право, важно е да згрешите помалку од другите“, додава тој.