Home Мода и убавина Скарлет Јохансон во сафари шик стил и уникатен мејкап изглед

Скарлет Јохансон во сафари шик стил и уникатен мејкап изглед

Топли тонови на теракота доминираа во нејзиниот заводлив бјути изглед

Пастелните нијанси можеби се заштитен знак на пролетната сезона – како во шминкањето, така и во модните комбинации – но Скарлет Јохансон одлучи да ги разбиe очекувањата и да внесе егзотичен здив на топлина во пролетниот гламур.

На неодамнешното појавување на CinemaCon 2025 во Лас Вегас, славната актерка претстави еден од највпечатливите мејкап изгледи на сезоната, со доминација на теракота нијанси кои не‘ однесоа – стилски и визуелно – на сафари.

Откако Pocket Blush во нијансата Toasted Teddy од линијата Rhode стана вирален на TikTok, љубителките на шминката почнаа да експериментираат со мултифункционални производи – користејќи ги на очните капаци, образите и усните, за да создадат заводлив, со сончеви зраци озарен монохроматски изглед. Така, теракотата полека, но сигурно, стана бојата на моментот. А сега, кога доби поддршка и од мегаѕвезди како Селена Гомез, Дуа Липа и Скарлет Јохансон, јасно е: оваа палета ќе доминира во пролетта 2025.

Топлите нијанси како нов луксуз

Скарлет го постигна овој нежен, но впечатлив гламур со избирање на нијанси кои совршено ѝ прилегаат на светлиот тен. На образите и блесна руменило во боја на праска, а усните беа во заводлива карамел нијанса. Резултатот? Земјени тонови со доза на секси вибрации – совршено усогласени и беспрекорни.

Ако сакате да го пресоздадете овој изглед, трикот е во избирање на потопли нијанси кои се неколку тони потемни од вашата природна боја на кожа. Со тоа ќе добиете нежен контраст кој изгледа природно и елегантно.

Како да постигнете монохроматски гламур à la Скарлет?

Маскара: Заменете ја класичната црна маскара со кафеава – особено ако имате кафени или зелени очи. Очите ќе изгледаат поблагородено, а погледот ќе биде поинтензивен.

Хајлајтер: Наместо сребрени тонови, изберете бронзирачки хајлајтер кој ќе ѝ даде на кожата сјај како по повраток од летен одмор.

Бронзер: За ефект на осончано лице, нанесете бронзер под јаболчниците, по линијата на косата и под вилицата. Клучот е во прецизно блендирање – сѐ треба да изгледа како природно да се стопило со кожата.

Инспирација од сафари – од глава до пети

Бјути изгледот на Скарлет Јохансон совршено го надополни и нејзиниот моден избор – монохроматски аутфит во топли, земјени тонови. Актерката носеше кратки шорцеви со висок струк во темнобеж нијанса, усогласени со кошула во ист тон, создавајќи софистициран, но релаксиран летен сафари изглед. Косата ѝ беше стилизирана во меки бранови со раздел по средина – заокружувајќи едно од нејзините најненаметливи, но воедно и најшик појавувања во последниве години.

Скарлет уште еднаш нѐ потсети дека помалку е повеќе – и дека кога природните нијанси се спојат со умерена доза на сексапил, резултатот е беспрекорна убавина со примеси на авантура. Ако оваа пролет сакате да експериментирате, нека теракотата биде вашата полазна точка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Моден камбек со став – ресите повторно владеат на улиците и модните писти

Постојат модни детали кои никогаш навистина не излегуваат од мода. Едноставно чекаат соодв…