Скарлет Јохансон подновена со тетоважа и момче: Парот прв пат заедно на црвен тепих


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Холивудскиот љубовен пар Скарлет Јохансон и Колин Џост направија официјално сефте како двојка на црвениот тепих.

Во понеделникот вечерта, на светската премиера на филмот “Avengers: Infinity Wars” ( “Одмаздници: Војна без крај”), тие двајца позираа пред објективите од фоторепортерите на отворањето на настанот.

35-годишната комична ТВ-ѕвезда почна да се гледа со Скарлет кратко откако објави дека ќе се разведе по вторпат на почетокот на 2017-ма.

Таа има два брака зад неа, еден со актерот Рајан Рејнолдс и еден со францускиот новинар Ромен Дурјак, со кој има 3-годишна ќерка Роза.

33-годишната Скарлет изгледаше убаво во нејзината долга, сребрена облека, откривајќи нова тетоважа на грбот – шара од рози и мало јагне.