Advertisements
Славни

Скарлет Јохансон блесна во топ форма и со заводлива тетоважа на црвениот тепих

Скарлет Јохансон блесна на премиерното прикажување на филмот „Avengers Endgame“, а она што привлече најголемо внимание во јавноста беше огромната тетоважа на нејзиниот грб.

Актерката на црвениот тепих се прошета во гламурозно кратко фустанче во сребренкаста боја во кое нејзината атрактивна и завидна фигура беше максимално изразена. Фустанчето во целост ја откри и тетоважата на нејзиниот грб за која многумина воопшто не знаеја дека постои.

Уште едно изненадување од Скарлет, која инаку прилично вешто го држи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, беше појавувањето на премиерата во друштво на нејзиното момче, SNL ѕвездата Колин Џост.

На социјалните мрежи кружат бројни коментари дека Јохансон изгледа подобро од било кога, факт кој актерката го припишува на напорните тренинзи кои ги прави со приватните тренери Рајан и Ерик Џонсон.

Во едно неодамнешно интервју за E News Скарлет изјави дека нејзина голема предност е што е веганка и прилично дисциплинирана по карактер. Најмногу преферира кружни тренинзи во траење од 90 минути неколку пати неделно.

Advertisements

Најпопуларно

To Top