Скапото засилување на Клоп заминува после само една година!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е спремен да го продаде Наби Кеита после само една година откако пристигна на „Енфилд“.

Африканскиот играч за врска во 2017 година потпиша за Ливерпул за 50 милиони фунти, па беше оставен уште една година на позајмица во Лајпциг.

Минатото лето пристигна во Ливерпул, го доби дресот со легендарната „осумка“, но никако да ги покаже квалитетите за кои беше скапо платен.

Кеита беше на мета на многу европски гиганти, Ливерпул ја победи конкуренцијата, и од него се очекваше да биде големо засилување оваа сезона.

Меѓутоа, репрезентативецот на Гвинеја се почесто ја грее клупата, а неговите партии не се на потребното ниво. Секако, причина за тоа се и честите повреди кои ги имаше оваа сезона.

24-годишниот играч за врска исто така не е задоволен од својот статус на „Енфилд“, па и самиот е спремен да ја промени средината после само една година.

За него интерес покажуваат Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, кои се спремни да го вратат во Бундеслигата, каде играше одично и ја добивеа својата афирмација.

Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е спремен да го пушти Кеита доколку пристигне понуда од 40 милиони фунти.