Скапо го плати Лас Вегас: Секси девојки го оставија без чек од 3 милиони долари (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Мексиканскиот боксер Хулио Цезар Чавез нема по добро да го памети престојот во Лас вегас, каде во две вечери најпрвин го загуби мечот за титула од Канел Алварез, а потоа четири девојки го ограбија во хотелот во кој бил сместен.

Девојките по потеко од Велика Британија му собрале чек од три милиони долари, колку што добил боксерот за мечот, часовник вреден 40.000 долари и неговиот телефон, тврди сопругата од Чавез, Фрида, која била во истиот хотел, но во својата соба за време на грабежот.

Сопругата не го оправдува својот сопруг за скандалозното видео во кое се гали со секси девојки, но е убедена дека пред тоа тие го имале издрогирано ставајќи му нешто во пијалокот.

„Утредента кога дојдов во собата, на масата го немаше чекот од 3 милиони долари, ниту часовникот и телефонот“, тврди Фрида.

Интересна е единствено причината зошто семејството Чавез останало во Лас Вегас и ноќта после борбата – тоа било на инсистирање на Фрида која сакала да оди на концерт од Селин Дион.