Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Добротворните и донаторски настани ги има од најразлични видови, а сите ги сакаат вашите пари, само за различни цели, но има и такви кои би искеширале илјадници долари како донација за половина час муабет и кафе со Иванка Трамп. Ете, и тоа го има.
На сајтот Charitybuzz, специјализиран за добротворни аукции и наддавања со високи суми од типот, пример, Хју Џекман да ви го позајми гласот за вашата говорна пошта или да му поставите две прашања на Лоренс Касдан, писателот на три филма од серијалот Star Wars, ја има и оваа понуда која ја вклучува Иванка Трамп и едноставно пиење кафе со неа.
Во рамки на наддавањето имаше осум понуди за аукциското кафе со Иванка, од кои највисоката беше 16.500 долари, иако понудата беше проценета на 50.000 долари. Нема појаснување за типот на прашањата кои може да ги поставува победникот на аукцијата, пример дали може да ја прашате нешто како: „Како одат бизнис зделките со вашиот личен бренд на кој работевте во Јапонија, кога седите на состанокот од вашиот татко со јапонскиот премиер Шинзо Абе?“, и слично.
Добротворниот прилог ќе оди на сметка на St. Jude’s Children’s Hospital, но преку фондацијата на Ерик Трамп, а добар дел од луѓето добро знаат како фондациите од Трамп се „справуваат“ со нивниот кеш.