Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Граѓаните на Норвешка само оваа година имаат купено 58,4% електрични автомобили од вкупниот број на нови возила, со што Норвешка дефинитивно се востоличува како земја-лидер во користењето на еколошки возила.
Само во март 2019 година во Норвешка се регистрирани 18.375 нови автомобили, од кои 10.732 се електрични возила. Тоа е двојно повеќе во однос на март 2018, меѓутоа забележан е пад на регистрираните хибридни возила.
Најпродаван автомобил е Тесла модел 3 со 5.315 регистрирани единици.
Целта на Норвешка, која е една од најголемите извозници на нафта во светот, е до 2025 година да престане со продажбата на автомобили на конвенционален погон.
Владата на Норвешка ги охрабрува своите граѓани да купуваат електрични возила низ разни субвенции, како ослободување од ДДв и данок на издувни гасови, потоа поевтина царина, патарина, паркинг, траект.