Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Рускиот тенисер Данил Медведев, кој во првото коло на Вимблдон го елиминира Стан Вавринка, во второто коло направи скандал за кој долго ќе се раскажува.
Медведев по сензационалната победа над Вавринка, учеството на Вимблдон го заврши со поразот од Рубен Бемелманс во пет сета (6:4, 6:2, 3:6, 2:6, 6:3), но мечот долго ќе се памети по инцидентот кој Русинот го предизвика по неговото завршување.
Медведев имаше вербален дуел со судијата Маријана Алвеш, која му одзеде поен, а тој побара таа да биде остранета од теренот.
Супервизорот на турнирот не ја прифати сугестијата на рускиот тенисер, поради што тој откако мечот заврши од својот паричник извади неколку метални парички и ги фрли во правец на судијата Маријана Алвеш.