Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Девет торбици со подароци кои биле поделени на венчавката на војводата и војвотката, Хари и Меган, се нудат на продажба на аукцискиот сајт „Ибеј“. На некои од аукциите достигнаа и до 1.100 евра, пренесува Би-Би-Си.
Торбичките се подарувани на сите гости пред капелата, кои беа повикани на венчавката во замокот Виндсдор – односно 2.640 луѓе.
Некои од работите кои се наоѓаа во торбичките беа шишиња со вода, чоколадца, магнет за фрижидер, беџ и ваучер за продавницата со подароци во замокот.
Шестотини гости кои се наоѓаа во капелата, вклучувајќи ги славните личности како Дејвид и Викторија Бекам, Опра Винфри и Џорџ и Амал Клуни, кои не добија од овие торбички.