Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вицепремиерот за економски прашања без ни малку сенс за најчувствителното прашање за македонскиот народ, изјави дека за него немало проблем доколку се преименува нашата држава, во било кое име што ќе го наметне Грција.
И додека македонските политичари веќе 25 години се обидуваат да најдат решение кое ќе биде колку-толку поволно за нашата држава, одбивајќи ги додавките кои задираат во идентитетот, како што се Новомакедонци или Северномакедонци, за вицепремиерот Анѓушев очигледно тоа не е проблем.
Оваа Влада има капацитет и отвореност да разговара на темата за прашањето околу името, а гледаме дека има позитивни сигнали и од меѓународната заедница, вклучително и од грчката страна, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
-Она што сакам да го кажам е дека црвената линија за која не треба да се попушти е идентитетот, македонскиот идентитет, јазикот итн. и дека за името треба да направиме една одредница којашто ќе биде интернационално прифатлива. Значи, јас сум на мислење дека треба да се реши тоа прашање. Северна, Горна или Нова Македонија, тоа народот ќе си каже. За мене и Северна, Горна и Нова е прифатливо“, рече Анѓушев.
Инаку, Грција во последно време го заговара името Нова Македонија, сакајќи со тоа да го смени идентитетот на нашиот народ во Новомакедонци (според нив Македонците се Грци), името на јазикот во новомакедонски и тн. Со ова име би била задоволна и Бугарија, која тврди дека нашиот народ е новосоздаден и произлезен од бугарскиот.