Home Актуелно Скандалозна годишна програма на Министерство за култура – извисија манифестации од рангот на Скопски џез-фестивал

Скандалозна годишна програма на Министерство за култура – извисија манифестации од рангот на Скопски џез-фестивал

На сметка на доделување на енормно големи буџетски средства во секторот за култура на сосема анонимни лица, фирми и манифестации, оваа година за финансиска поддршка од Министерството за култура извисија манифестации и фестивали од рангот на Скопски џез-фестивал, ОфФест, Таксират и други, кои или добија значително намален буџет, или воопшто не добија средства (Скопскиот џез-фест).

Скопскиот џез-фестивал и фестивалот „Оффест“ биле отфрлени на конкурсот, што значи дека под знак прашалник се доведува нивното одржување. Отфрлени биле и сите предложени проекти на „Авалон продукција“. И сето ова е само во делот на музичко-сценската дејност, за што реагираат бројни и долгогодишни музичари и организатори на културни манифестации.

Колку за пример, најмногу пари годинава во овој сегмент има добиено Здружението „Артал“ од Тетово, вкупно 3,5 милиони денари или 56 илјади евра за фестивал „Меридианс“ и за концерт „Класик и рок мјузик“. Наспроти ова, скопскиот „Таксират“ добил само 500 илјади денари, иако барале 6 милиони.

За одржување на познатиот Џез-фестивал Куманово одобрени се само 200 илјади денари, а наспроти ова, Џез-фест Тетово добива 1,5 милиони денари.

За концерти на Влатко Стефановски и Мирослав, 21 година од издавање на албумот „Крушево“, одобрени се само 250 илјади денари, иако биле побарани над 2 милиони денари.

Директорот на Скопје џез-фестивалот, Оливер Белопета, за „Макфакс“ изјави дека е во шок по објавата на Министерството за култура.

Извор: Макфакс

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…