Home Спорт Скандал за кој зборува цела Италија: Ѕвездата на Јуве брутално нападна 12-годишно дете!

Скандал за кој зборува цела Италија: Ѕвездата на Јуве брутално нападна 12-годишно дете!

Фудбалерот на Јувентус, Стефано Стураро го навлече гневот на италијанската јавност откако на социјалните мрежи срамно му одговори на едно 12-годишно дете кои навива за Наполи.

„Седи долу или ќе те посрамотам па ќе плачеш три дена. Оди играј си совојт покемон и остави ме на мира…Оди плачи кај мајка ти, проклето дете. Всушност, јас сум дома со твојата мајка“, напиша фудбалерот на Јувентус.

Веднаш после срамниот пост илјадници луѓе го нападнаа Стураро, па тој, откако свати дека погрешил, реши да упати јавно извинување.

„Нас фудбалерите често не навредуваат на социјалните мрежи. Се трудиме сето тоа да го игнорираме, но понекогаш инстиктивно реагираме. Им се извинувам на сите кои се почувствуваа навредени“, напиша Стураро.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…