Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Спортскиот свет го тресе нов скандал откако во австрискиот зимски центар Зефелд, каде што се одржува Светското скијачко првенство во нордиски дисциплини беше откриена база за крвен допинг со свежа крв која ја користеле скијачите учесници на натпреварувањето.
Дваесет и шест годишниот австриски натпреварувач во крос-кантри скијање, Макс Хауке бил уапсен во момент во кој зема допинг. Во моментот на одржување на акцијата, во неговото тело била внесувана свежа крв.
Aвстриската полиција објави неверојатно видео.
На него се наоѓа нордискиот скијач и репрезентативец на Австраија, Макс Хаук и тоа додека врши трансфузија на крвта што во светот на спортот се смета за допинг.
Хаук и уште четворица скијачи се уапсени од страна на полицијата поради допинг, а разочарувањето е уште поголемо ако се знае дека Хаук е и полицаец.
„Ова е неверојатно. Тешко е да се гледа. За вакви работи нема место во спортот. Не знаев дека го прави ова“, изјави неговиот тренинг партнер Андреј Јанг и додаде.
„Тешко е да се опише чуството кога вашиот пријател е фатен во измама. Не го мразам, но не сакам повеќе да го видам во нашиот спорт. Не можеш да се вратиш после вакво нешто“, додаде Јанг.
Хаук и остатокот од тимот се фатени како се допингуваат непосредно пред трката. Сега им следи судење и сигурно е дека ќе добијат ригорозна казна. Очекувањата е да добие повеќегодишна забрана за занимавање со крос-кааунтри.
Освен Хаук, во Зефелд беа уапсени и двократниот освојувач на медал од светските првенства Алексеј Полторанин (Казахстан), Австриецот Доминик Балдауф, како и Естонците Карел Тамјарв и Андреас Верпалу. Со лисици на рака, исто така, завршија две медицински лица. Забранетата процедура била извршена од таткото на германскиот лекар Марк Шмит, кој беше уапсен во Дуисбург, како дел од операцијата.