Скандал во Тотенхем: Вертонген спиел со сопругата на соиграчот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лондонски Тотенхем ги доживува најтежките моменти во последните неколку години, а последниот удар им го зададе Баерн Минхен кој синоќа ги победи „спарси“ со неверојатни 7:2 во ЛШ.

Формата е далеку од задоволително ниво со оглед на фактот дека воопшто не личат на тимот кој минатата сезона стигна до финалето во Лигата на шампиони.

Медиумите на Островот тврдат дека тоа не е случајно и дека е нарушена „хемијата“ во соблекувалната. Проблемот наводно настанал кога Вертонген спиел со сопругата на соиграчот Кристиан Ериксен.

Наводно реагирал и капитенот Хари Кејн, а медиумите тврдат дека во соблекувалната се одвивала вистинска драма.

Доколку овие информации се испостават како точни, веројатно двајцата фудбалери ќе ги напуштат лондонскиот клуб во следниот преоден рок.