Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Моментално едни од најпопуларните и најплатени манекенки на светот, 23-годишната Кендал Џенер, 22-годишната Бела Хадид, 27-годишната Емили Ратајковски и 22-годишната Хејли Болдвин, се дел од добро смислена измама чија штета се проценува во милиони долари и наскоро овие убавици можат да се најдат пред суд.
Тие биле ангажирани за рпомоцијата на „Fyre Festival“ во организација на бизнисменот Били МекФарланд, кој инвеститорите за настанот ги измамил за вртоглави 26 милиони долари. Дел од тие пари биле искористени за исплаќање на хонорарите на славните манекенки.
Во сета оваа афера е вмешан и раперот Џа Рул, и тоа наводно како партнер, но не е познато дали и тој е жртва на измамата или е еден од измамниците.
Кендал, Бела, Емили и Хејли ги прекршиле американските федерални закони, со оглед дека при рекламирањето на социјалните мрежи не нагласиле дека станува збор за платен оглас. Наводно, тоа го направила само една од нив.
Нивните хонорари изнесувале околу 1,25 милиони долари, а пред судот ќе мора да објаснат зошто не ги почитувале законскит прописи.
„Fyre Festival“ требаше да биде досега невиден фестивал на Бахамите, но истиот никогаш не се одржа.
Голем број заинтересирани посетители сакаа да бидат дел од него и купија билети кои вклучуваа и луксузно сместување и храна, концерти на светски познати музички ѕвезди, но наместо тоа, на местото на настанот ги дочека невреме, мокри шатори и сендвичи. Концертите не беа одржани, како ни самиот фестивал, а илјадници луѓе останаа без пари. Влезниците беа распродадени за само два дена, а цената за некои од нив изнесуваше вртоглави 250.000 долари.
27-годишниот Били МекФарланд моментално се наоѓа во затвор заради повеќемилонска измама и таму ќе ги помине следните шест години.