СКАНДАЛ ВО МВР: Приведен советник на министерот Спасовски – се огласи и премиерот Заев


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Од ресорното министерство беше потврдено апсењето на висок функционер од нивниот ресор.

Министерството за внатрешни работи (МВР) во денешниот полициски билтен ја потврди информацијата дека вчера бил уапсен вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поради сомнение за злопотреба на службената положба.

На “09.03.2018 година по налог на Основно јавно обвинителство од слобода е лишен Д.С., вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи, под сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик- Злоупотреба на службена положба и овластување”, стои во билтенот на МВР.

МВР само соопшти дека функционерот бил однесен во полициската станица во Кисела Вода. Повеќе официјални детали се уште нема.

Членот 353 кој се наведува во полицискиот билтен се однесува на повеќе злоупотреби, меѓу кои повреда во чување на државната граница, неизвршување наредба или несовесно работење во службата.

Се очекува во текот на овој ден Јавното обвинителство да излезе со повеќе информации за случајот.

Еве ја и реакцијата од пред некој час од страна на премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил.

Дел од медиумите неофицијално објавија дека Д.С., бил уапсен за мито и оти претендирал за директорската позиција во СВР Скопје. Станува збор за долгогодишен припадник на МВР кој од влегувањето на Спасовски во министерскиот кабинет во техничката влада е назначен и за советник. Бил и во комисијата на МВР за надзор на  приватните агенции за обезбедување.

“Ако се случило незаконско работење, тука нема реконструкција, тука има кривични пријави и истраги пред обвинителството”, предупреди неодамна  премиерот Зоран Заев кој додаде во истата изјава дека се прави преглед на сите резултати и активности во владата.