Home Вебкафе Скандал во државниот врв: Испливаа голите фотки од заменичката министерка

Скандал во државниот врв: Испливаа голите фотки од заменичката министерка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Украина ја тресе уште еден скандал во државниот врв со протекувањето во јавност на разголените фотографии од заменичката министерка за внатрешни работи.

Анастасија Деева неодамна беше именуваа на оваа висока позиција во украинското МВР. Задолжена е за европски интеграции, а на фотките кои протекоа во јавност, 24-годишната „политичарка“ позира во прилично експлицитни изданија, со разголени гради и облечена само во долна облека.

Министерот за внатрешни работи, Арсен Аваков, тврди дека фотографиите се фалсификат, а дека Анастасија ги поминала сите потребни тестови за оваа нејзина должност. Фотките се направени во студентските денови од Деева (не така одамна, со оглед на нејзините години), наведуваат украинските медиуми, а всушност тие и цело време биле достапни на социјалните мрежи каде таа сама ги објавила, медиумите сега само ги откриле истите, така што и не може да се каже дека станува збор за компромитирачко протекување на експлицитните фотографии во суштина.

16-11-zamenicka-ministerka-gola1

16-11-zamenicka-ministerka-gola2

Исто така, од Министерството ја демантираат нејзината врска со министерот, но проблематичен останува начинот на кој стигна до заменичка министерска позиција. Таа, наводно, во својата пријава за работното место, наведува дека има десет години релевантно работно искуство, што би значело дека со политика почнала да се занимава на 14 години.

16-11-zamenicka-ministerka-gola3

16-11-zamenicka-ministerka-gola4

16-11-zamenicka-ministerka-gola5

Anastasia Deeva