Скандал во Бугарија: Борисов фотографиран на спиење во спалната со пиштол крај креветот и купчиња евра и злато во фиоките


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бугарија ја тресе нов политички скандал откако тамошните медиуми објавија фотографии на кои е фотографиран премиерот Бојко Борисов како спие во неговата спална соба, со пиштол на ноќното масиче крај креветот и злато и евра во фиоките од истото.

Борисов вчера попладне одржа брифинг за медиуми и за овие снимки го обвини директно претседателот на државата Румен Радев.

Борисов вели дека ова е сценарио на неговите политички противници, а целта е да го уништат. Тој го обвини претседателот Румен Радев дека тој лично го управувал дронот што го добил како подарок од Кина. Бугарскиот премиер не негира дека бил снимен додека спие, но вели дека пиштолот, златото и еврата биле намерно ставени..

Тој за овие снимки директно го обвини шефот на државата, „кој требаше да биде обединувач на нацијата, а сега сакаат мене да ме стават во кал. Ниту ќе бидам отфрлен ниту запрен. Јас сум слободна личност, имам нормален живот. Целта е да ме уништат ментално, а потоа ќе ме нападнат физички. Загрижен сум затоа што кога спијам, сум беспомошен. Сега ќе извлечам многу заклучоци. И како ќе спијам“, рече Борисов.