Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Високиот советник на претседателот на САД, Келиен Конвеј неодамна го привлече внимание во медиумите откако се однесуваше премногу опуштено за време на една средба во овалната соба, на која Доналд Трамп се сретна со претставници од афроамериканските универзитети и колеџи.
На фотографиите кои за кратко време се раширија низ светот, може да се види како Конвеј со нозете кренати на каучот прво прави селфи а потоа се обидува да ги фотографира Трамп и неговите гости.
За голем дел од жителите на америка ваквото однесувањето на советничката на американскиот претседател е скандалозно.
Што правиш на каучот, Келиен? Дали твоето однесување е соодветно за пред гостите.Не можете да очекувате состанокот да со сфатиме сериозно кога таа седи вака. Колку несоодветен пречек за гостите во овалната соба. Засрами се Келиен, беа само дел од коментарите кои ги преплавија социјалните мрежи.
Конвеј неодамна се најде на удар и поради рекламирањето на модната линија на ќерката на претседателот Доналд Трамп а шефот на службата за етика на владата на САД ја повика Белата куќа да го истражи случајот и порача дека Конвеј мора да се соочи со дисциплински санкции.