Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона, „црниот дроб“ за Ерик Абидал го купила на „црно“, пренесува „Ел Конфиденсијал“, повикувајќи се на информации до кои стигнала шпанската полиција.
Полицијата наводно успеала да стигне до четири телефонски разговори кој ги водел поранешниот сопственик на клубот Сандро Росел со непозната личност.
Во тие разговори се споменува дека црниот дроб за Абидал, дефанзивецот кој настапуваше за Барселона, а на почетокот на јуни ја превзема функцијата технички секретар, е набавен на нелегален начин.
Официјалната приказна беше дека црниот дроб на Абидал е дониран од страна на негов роднина по име Жерар. Абидал пред шест години мораше да направи трансплатација откако на тој орган му се врати туморот кој претходно беше хируршки отстранет.
Самиот Абидал при враќањето на терен пред пет години, а после 13 месеци поминати надвор од терените му се заблагодари на својот роднина со зборовите дека без него „не би стоел тука“.
Французинот беше играч на Барселона од 2007 до 2013 година.