Скандал во авио компанија: Пилоти снимиле стјуардеси за време на секс!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Германскиот авио-превозник „Кондор” го тресе сексуален скандал. Имено, германските медиуми објавија дека пилотите на Кондор тајно ги снимале своите стјуардеси за време на секс во авионот, но и надвро од него.

Германскиот авио-превозник „Кондор” отвори истрага после избивањето на гласините околу можниот секс скандал во својата компанија. Имено, пилотите на оваа германска авиокомпанија, тајно ги снимале стујардесите за време на секс во авионите и надвор од нив. Подоцна, овие снимки кружеле меѓу пилотите како трофеи, секако, без за тоа да знаат стујардесите.


„Очигледно е дека некои пилоти, тајно правеле слики и видео снимки со женските членови на екипажот, материјал кој жртвите ги прикажува во експлицитни сексуални активности“, се вели во соопштението од компанијата доставено до германските медиуми.


Сепак, портпаролот на компанијата се огласи во текот на вчерашниот ден од Франкфурт и порача дека засега нема докази кои што би биле појдовна точка за да започне еден процес на кривично гонење на пилотите на авиокомпанијата „Кондор”. Од компанијата соопштија дека само поради претпазливост, ги предупредиле своите вработени за можни злоупотреби на видео-снимки и правните последици со кои што би се соочиле доколку се случи такво нешто – затворска казна до две години.