Скандал во АМС: Финансирана поезија ’го примила корнишонот на премиерот’!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Скандал ја тресе Агенцијата за млади и спорт и нејзиниот директор Дарко Каевски откако на социјалните мрежи се појавија делови од збирка поезија чиј уредник е токму директорот, а финансирана од АМС во 5.000 примероци со скандалозна содржина.

„Велат дека пушела коор кај координаторот…“ „велат дека му го диркала на директорот, не е грда како Мирка, а знае добро да дирка!“, „Велат дека го примила корнишонот на премиерот“… и уште многу вакви стихови се дел од збирката поезија издадена од АМС која крена големи реакции на социјалните мрежи.

Освен оваа песна „Партиски вработена“, и песната „Моите соседи“ предизвика лавина реакции, бидејќи во неа се исмеваат Албанците. Инаку, и двете песни се потпишани од ист автор – Даниел Пиљаковски.

По бурните реакции, директорот на АМС Дарко Каевски со соопштение се обиде да се огради од спорната содржина, велејќи дека не знаел каква поезија има во збирката чиј уредник е токму тој.

„Во испечатената збирка поезија од проектот “Млади поети” е објавена содржина која содржи недолични елементи на дискриминација. Изборот на песни кои се објавуваат го направи надворешна комисија, која требаше да направи соодветна селекција, при што АМС нема увид во содржината.

Агенцијата за млади и спорт се оградува од содржина која содржи дискриминација и смета дека е недолична. Во тек е истрага за утврдување на фактите и причините кои довеле ваквата содржина да биде објавена, после што јавноста ќе биде информирана за мерките и одговорноста кои ќе се преземат.

Агенцијата за млади и спорт се противи и ќе се бори против каква било форма на дискриминација на родова, етничка или која било друга основа.“


Но, веднаш по ваквото соопштение кај дел од медиумите осамна вест со фотографија на која се тврди и се гледа дека токму директорот ги доделил наградите на наградените млади поети.