СКАНДАЛ: Видете како Колумбија и Перу го договараат натпреварот!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фудбалските репрезентации на Колумбија и Перу преживеаа пекол во последното коло од квалификациите. На крајот Колумбија заврши како 4-та и оди директно во Русија, а Перу ќе игра бараж, после ремито кое го одиграа меѓу себе.

Меѓутоа, сенка на нивниот успех фрли видеото кое веднаш почна да кужи на интернет и кое го открива „договорот“ помеѓу Колумбија и Перу за ненапаѓање во финишот на натпреварот.

На прет минути пред крајот резултатот беше 1:1 и сите очекуваа бурен финиш, но се се промени со голот на Венецуела против Парагвај во Асунсион за 0:1.

Од тој момент мечот во Лима практично беше пријателско играње со топката се до крајот!

Селекторот на Колумбија само една минута после голот на Венецуела им дојави дека Парагвај и Чиле губат – што е идеално сценарио за двете репрезентации на теренот.

Тоа беше знак за неколку фудбалери, меѓу кои и Фалкао да се договорат до крајот „да не се напаѓаат“. На видеото не се гледа точно што зборуваат меѓу себе, но јасно е дека „паѓа договор“.