Скандал од кој се згрози целиот свет: Хирург го оперирал мозокот на погрешен пациент


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Неврохирург во најголемата болница во Кенија е суспендиран откако извел операција на мозок, но на погрешен пациент.

Скандалот во државна болница во Најроби го згрози целиот свет, откако управата призна дека на погрешен пациент му бил опериран мозокот.

Хирурзите дури после неколку часа од операцијата сфатиле дека оперираат погрешен пациент. За среќа, тој сега добро заздравува по операцијата.

Болницата соопшти дека хирургот, како и две медицински сестри и еден анестезиолог, се суспендирани поради истрага за оперирање погрешен пациент.

Пациентот дошол во болница поради оток на главата кој требал да се излече исклучиво со помош на лекови. Но, на операцискиот стол завршил поради замена на идентификациските ознаки, потврди управителката на болницата.

Во истата болница, минатиот месец една жена, без проблеми влегла во родилиштето и со себе зела едено бебе. Претходно, една пациентка ја тужеше болница поради сексуална злоупотреба.