СКАНДАЛ: Норвешките ракометари ја делат сликата од својата гола колешка! (фото)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Додека Хрватска претрпе пораз од Шведска додатно се искомплицира патот до полуфиналето, норвешкиот ракомет го треси скандал.

На убавата норвешка ракометарка Нора Морк и е хакиран мобилниот и од него се извадени експлицитни фотографии кои почнале да кружат помеѓу играчите на машката репрезентација која моментално се наоѓа во Хрватска на ЕП.

Очајната Морк спрема тужба и најавува заминување од репрезентацијата. „Бев целосно скршена кога го дознав тоа. Тоа е моето окружување и мислев дека тоа се луѓе кои се грижат за мене, а не дека ќе ми забијат нож во грбот. Многу сум разочарана. Советот е известен и размислувам за својата иднина во репрезентацијата“, рече Морк.

Капитенот Бјарт Мархол избегнува да одговара на овие прашања. „Тоа е нешто што не треба да го исправаме преку медиумите, туку меѓусебно во репрезентацијата. Тажни сме поради тоа“ порача норвешкиот капитен.

Норвешкиот сојуз се уште нема превземено ништо, нема покренато истрага, бидејќи се уште трае европското, а играчите мора да бидат фокусирани на тоа.

Нора инаку е во врска со фудбалерот на рускиот Краснодар Стефан Страндберг.