Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Атлетскиот сојуз на Србија покрена истрага поради лажирање на резултатот на Ведран Шамац, кој во понеделникот го собори државниот рекорд во фрлање копје.
Шамац на Митингот во Сремска Митровица го собори државниот рекорд со резултат 85.60 метра, но на интернет се појави видео снимка на која се гледа како судијата за неколку метри нанапред го преместува копјето, потоа го фрла на страна, а потоа со помош на уште еден судија ја мери далечината.
Државниот рекорд во Србија во фрлање копје е стар дури 31 година, а негов сопственик беше Сеад Крџалиќ со далечина од 83.34 метра.