Home Шоубизнис Скандал ја тресе соблекувалната на Тотенхем: Вертонген спиел со сопругата од соиграч

Скандал ја тресе соблекувалната на Тотенхем: Вертонген спиел со сопругата од соиграч

Овие денови се вистинска тегоба и пекол за лондонскиот фудбалски клуб Тотенхем и неговите навивачи. Последен од ударите кои ги доживеаја е оној од Баерн Минхен кој синоќа ги победи „Спарси“ со неверојатни 7:2 во рамки на Лигата на шампионите.

Формата е далеку од задоволително ниво со оглед на фактот дека воопшто не личат на тимот кој минатата сезона стигна до финалето во Лигата на шампиони.

Медиумите на Островот тврдат дека тоа не е случајно и дека е нарушена „хемијата“ во соблекувалната. Проблемот наводно настанал кога Вертонген спиел со сопругата на соиграчот Кристиан Ериксен.

Наводно реагирал и капитенот Хари Кејн, а медиумите тврдат дека во соблекувалната се одвивала вистинска драма.

Доколку овие информации се испостават како точни, веројатно двајцата фудбалери ќе ги напуштат лондонскиот клуб во следниот преоден рок.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

„Роди си дете“ – кога ќе го слушнам тоа… Милена Ќераниќ со кнедла во грлото ја отвори душата за мајчинството

Милена Ќераниќ посакува мајчинство, но не по секоја цена Пејачката Милена Ќераниќ е познат…