Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Советничката за односи со јавноста на американскиот претседател Доналд Трамп, Омароса Маниголт-Њуман, според официјалните информации и податоци кои стигнуваат од Белата куќа, си поднесе оставка од споменатото работно место. Според информациите од Белата куќа, причината за нејзината оставка била разгледување на „други можности во кариерата“.
Омароса беше една од ретките афроамерикански соработнички на Трамп. Пријателството помеѓу неа и Доналд Трамп започна со нејзиното учество во реалното шоу на Трамп, „Приправник“ (Apprentice), во 2004 година. По победата на Трамп на претседателските избори, таа стана дел од неговиот тим.
Нејзиниот работен однос завршува на 20 јануари, 2018 година, точно на годишнината од инаугурацијата на Трамп. Меѓутоа, ова заминување не е така глатко како што го прикажува официјално Белата куќа.
Извор од претседателската резиденција вели дека Омароса била „физички влечена со обезбедување надвор од периметарот на Белата куќа“.
Наводно, сè почнало пред некоја , кога шефот на персоналот на Трамп, Џон Кели ја отпуштил Омароса.
Таа не ја примила веста баш најдобро и инсистирала лично да разговара со претседателот. Изворот вели дека на Омароса ѝ било кажано дека Трамп веќе ја потпишал одлуката и дека ова нема да биде како „одење во канцеларија кај директорот“.
Извори велат дека Омароса почнала да пцуе и се обидела да ги припише на своја заслуга гласовите од афроамериканската заедница за Трамп на претседателските избори.