Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Maнчестер Сити донел одлука да ја плати откупната клазула за Ерлинг Халанд во износ од 75 милиони евра, пренесува утрово „Скај Спорт“.
„Граѓаните“ сакаат да ја завршат работата со Халанд откако го пропуштија Хари Кејн минатото лето. Халанд во својот договор со Борусија има откупна клазула од 75 милиони евра. Реал Мадрид исто така покажуваше интерес за Норвежанецот, но нивни приоритет е Мбапе.
Man City are ready to trigger Erling Haaland’s €75m release clause this summer 💰
— Sky Sports News (@SkySportsNews) April 19, 2022
Тимот на Пеп во овој момент води во трката за Халанд и ако се случи да платат 75 милиони евра тогаш Борусија ќе нема никакво право да го задржи. Сезонава Сити игра без класичен напаѓач откако си замина најдобриот клупски стрелец, Серхио Агуеро.
Гвардиола минатото лето сакаше да го доведе Хари Кејн од Тотенхем кој изрази желба да си замине, но на крајот сепак остана во северен Лондон. Кога е во прашање сегашната ситуација Тотенхем не сакал да слушне за продажба на Кејн.